
Кодексот на однесување останува ист како и претходниот пат.
Ве замолуваме сите да се појавите облечени во ЦРНО.
Ве замолуваме да ги почитуваме мерките и препораките поврзани со Коронавирусот.
Носењето на маска е ЗАДОЛЖИТЕЛНО.
Колку што е можно повеќе придржувајте се до препорачаното растојание од 1,5м.
Протестот ќе започне како што е најавено на настанот, во 18:00 пред Министерство за Правда.
Движењето ќе започне од збирното место, преку Плоштадот “Македонија” до мостот пред Основното Јавно Обвинителство.
Од ОЈО, маршот продолжува до Кривичниот Суд, каде што ќе заврши протестот.
Ве повикуваме СИТЕ, да излеземе уште помасовно од претходниот пат. Споделувајте го настанот. Повикајте ги вашите блиски, вашите пријатели и роднини.
Уште еднаш, уште посилно и во поголем број, да испратиме порака до целиот систем дека си поигруваат со нашето трпение. Чашата е прелеана. Повторно да испратиме порака дека од утре, системот МОРА да почне да функционира. Системот МОРА да казнува соодветно за секое слично извршено дело. Да не бидеме приморани секој пат кога ќе се случи ваков грозен чин, правдата да ја бараме на улица.
СИТЕ ВО ВТОРНИК НА УЛИЦА!
СИТЕ ЗАЕДНО!
ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО!
СКОПЈЕ СЕ БУДИ!
МАКЕДОНИЈА СЕ БУДИ!
ВТОРНИК, 23.06.2020.
18:00.
#ПовикЗаПравда
#ПравдаЗаКољо
#МладитеЖивотиВредат
#СакамеПравда