in

КУЛА КОЈА ВШМУКУВА СМОГ ОД ВОЗДУХОТ СЕ МОНТИРА ВО ПОЛСКА

Еве една интересна иновација со која би можело да се прочистува воздухот во загадените градови и во Република Македонија. Инаку, Kулата е дел од проектот што го започна холандската компанија Студио Роузгард предводена од дизајнерот и иноватор Даан Рузгард, кој има за цел да создаде почист воздух во урбаните области. Висината на оваа иновативна кула е 7 метри а дебелината е 3, 5 метри. Користејќи јонизирачка технологија, кулата привлекува и апсорбира штетни честички на смог и го враќа прочистениот воздух назад. Собраните честички од јаглерод кои се оставени зад себе по прочистувањето на воздухот се компресирани и се користат за правење накит. Научниците од технолошкиот универзитет Ајндховен ја проучувале ефективноста на кулата „Роузгард“ и откриле дека може да зафати до 70% од честичките ПМ10 (суспендирани честички помалку од 10 микрометри во дијаметар) и до 50% од честичките ПМ 2,5 (суспендирани честички помали од 2,5 микрометри во дијаметар) . Тестовите откриле дека кулата троши помалку електрична енергија од обичен бојлер. Откако беше инсталиран во Пекинг, кулата расчисти 30 милиони кубни метри воздух за 41 дена, што е десет пати поголема од обемот на Националниот стадион во Пекинг со капацитет од 80.000 гледачи. „Smog FreeTower“ наскоро доаѓа во Краков, кај Музејот за современа уметност, каде ќе се одржи изложба од 16 февруари до 15 април, на која се претставени прстени изработени од собрани честички од јаглерод во веќе подигнати кули.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ФРАПАНТНИ 70 ПРОЦЕНТИ ОД УЧЕНИЦИТЕ ИЗЈАВИЛЕ ДЕКА ПОСТОИ НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

ПЛАНИНАРСКИОТ СПОРТСКИ КЛУБ „ДВЕТЕ УШИ“ СО 70 АКЦИИ ВО 2019 ГОДИНА