
Благодарност и едно големо БРАВО за сите кои присуствувавме на вчерашниот протест.
Благодарност до сите поединци кои самоиницијативно се вклучија во организацијата и помогнаа маршот да помине во најдобар ред.
Нека им биде на сите кристално јасно, дека нема тука да застанеме. Ќе се собираме, ќе маршираме и ќе го покажеме нашиот револт на улица се додека не ја добиеме посакуваната ПРАВДА, за НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО!
Ќе ја покажеме нашата сила преку сплотеност и обединетост во борбата за ПРАВДА во оваа држава. Дека нема да трпиме систем кој убијците ги наградува со минимални казни затвор. Систем во кој непристрасно и независно судство е мисловна именка.
Нека биде запаметено дека преку 2500 граѓани излегоа на улица за да покажат дека се незадоволни од неправедната пресуда.
ИТНО бараме случајот да биде одново разгледан, а овој пат казната да биде соодветна и построга.
Младите Животи Вредат. Младите животи се НАЈВАЖНИ.
САКАМЕ ПРАВДА!
ПРАВДА ЗА НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО!
Сите кои имате фото и видео материјали од протестот, слободно објавете ги во коментар. Најдобрите фотографии ќе бидат објавени во наредните денови.