
„Ми ја блокираа пензијата. Никаде борч немам. УЈП најде некаков неплатен данок од 5.000 денари од пред неколку години. Пензионер сум и сега пензијата ми е блокирана. Ова е проклетија. Седум души дома ја чекаат таа пензија од 10.000 денари. Јас ова досега не сум го доживеал. Ова е тортура на сиромаштијата“, вели гневниот Настески, кој некогаш работел во Жито Прилеп, јави Канал 77.