in ,

МВР: 77 лица не го почитувале полицискиот час, 37 не носеле заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Албанија денеска ги отвори баровите, рестораните и музеите

Македонската дијаспора од Германија бара да има електронско гласање за Македонците кој се надвор од земјата