in

МВР регистрира 975 граѓани без заштитна маска, решенија за изолација за 593 лица

Во последните 24 часа се регистрирани се 975 прекршоци на мерката за носење на заштитна маска, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од таму истакнуваат дека во изминатото деноноќие на територијата на државата се издадени решенија за изолација на 593 лица, а 308 граѓани потпишале изјави за самоизолација.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека мерките не биле почитувани од шест лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонија на 106 место на најмалку корумпирани држави во светот

Владата смета дека не постојат причини за продолжување на вонредната состојба