in ,

На Инфективна не е спасен ниту еден пациент кој бил на респиратор

На Инфективната клиника, за жал, не е спасен ниеден пациент којшто бил на респиратор, изјави директорката на клиниката доктор Милена Стевановиќ. Оттука, препораката на светските центри кои имаат огромен број искуства и кои ги лекувале пациентите со механичка вентилација, се овој тип на третман да биде последниот обид во лекувањето.

Не за жал, не успеавме да извадиме пациенти од респиратор. И покрај тоа што кај повеќе пациенти кај кои практично беше санирано дишењето и беа ставени на спонтан режим на дишење, се случија други компликации поради кои пациентите завршија со смртен исход. Оттука, сметавме дека подобар е нашиот успех во работењето каде што механичката вентилација ќе биде како последен обид во третманите. Денеска, тоа е всушност и препорака од светските центри кои имаат голем број искуства и кои ги лекувале пациентите на механичка вентилација, рече доктор Стевановиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за петок (19.06.2020)

Сончево и топло со температура до 32 степени