in

Над 50.000 починати во Британија од коронавирус

Според најновите податоци од Централното биро за статистика за Англија , Велс, Шкотска и Северна Ирска, повеќе од 50.000 луѓе починале од коронавирус во Велика Британија.

Заклучно со 29 мај, 45.748 луѓе починале од „ковид-19“ во Англија и Велс, се вели во извештајот на Заводот за статистика на Англија и Велс (ОНС). Уште 3.911 луѓе починале до 31 мај од коронавирусот во Шкотска и 754 до 29 мај во Северна Ирска.

Велика Британија е втора во светот по бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус. Само во Соединетите Држави, кои регистрирале над 111.000 смртни случаи, има повеќе смртни случаи, пишува Си-Ен-Ен.

Овие најнови бројки се разликуваат од официјалните бројки на британската влада. Министерството за здравство и благосостојба на Велика Британија (ДХСЦ) пријави 40.680 смртни случаи како резултат на ковид-19. Несовпаѓањето помеѓу двата збира на податоци се должи на различен начин на броење. DHSC кај смртта предизвикана од коронавирус ги запишува само оние случаи во кои починатиот претходно бил дијагностициран со инфекција, а исто така и оние на кои инфекцијата им била откриена по смртта.

Досега, официјално се регистрирани 288.834 случаи на инфекција со коронавирус во Велика Британија, што ја прави земја со најголем број случаи во Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нема да има полициски час, предлогот се враќа до Комисијата за заразни болести

Сведок без кредибилитет за нарачан процес