in

Нема да има полициски час, предлогот се враќа до Комисијата за заразни болести

Нема владина одлука за полициски час поради зголемената појава на вирусот. Аргументите „за“ и „против“, го натерале министерот за здравство, Венко Филипче, да го повлече предлогот, објави „Алсат-М“, повикувајќи се на владини извори.

Како што пренесе „Алсат“, предлогот ќе биде вратен во Комисијата за заразни болести, која вчера побара воведување полициски час во четири градови.

Во предлогот беше наведено дека се бара полицискиот час да почнува во 22 часот, а да трае до 5 часот следниот ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нови 87 заразени со Ковид-19 од 987 направени тестови

Над 50.000 починати во Британија од коронавирус