
Тимот на мзм њус во 2018 година направи интервју со Катерина Трајчева единствената внука на Гоце Делчев. Катерина ни ја раскажа нејзината приказна и нејзината борба за Македонија низ целиот нејзин живот но ни раскажа и за тоа како се чуствувал Гоце Делчев. Потенцираше дека Гоце Делчев и целата нивна фамилија непрекинато се бореле за Македонија. И јасно го изрази нивното македонско национално чуство. Ние од редакцијата на мзм њус преставуваме до сега необјавени слики и документи од нејзиниот дом. Вредно е да се потенцира дека Катерина Трајчева учествувала во создавањето на првата Македонска држава како лична секретарка на Методија Андонов Ченто, и низ целиот нејзин живот се борела за Македонија.