
Бројот на новозаболени од корона вирусот во Македонија повторно е во пораст. Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијатасе искаќи на 1.723
Пораст има и во бројот на починати, којшто се искачи на 95. Во моментов во земјата има 393 активни случаи.
Во Скопје има најголем број дијагностицирани – 588 и активни случаи – 138 , Куманово – 411 и 47 активни случаи, Прилеп –190 и 62 активни случаи, Тетово – 126 и 63 активни случаи.
Неделава почнаа да работат моловите (секој ден освен во недела, со работно време од 10 до 18 часот, но не е дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем на нарачка или достава), а повторно се отворени и обложувалниците, автошколите, стоматолошките ординации… За идната недела е најавено дека Владата ќе донесе план за отворање на угостителските објекти, но тоа ќе зависи од епидемиолошката состојбата.
Министерот за здравство, Венко Фиулипче информира дека се уште не се размислува за скратување на полицискиот час, иако вчера Уставниот суд донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката за посебен режим за движење на помладите од 18 и на повозрасните од 67 години.
Со тоа, овие лица ќе можат да се движат како и останатите граѓани, од пет до 19 часот. Досега повозрасните лица можеа да излегуваат само во периодот од пет до 12 часот, а малолетниците од 13 до 19 часот. Владата ја донесе оваа Одлука со цел да се раздвојат овие двете групи граѓани.
Официјално е почнат и скринингот во градинките, но додека нема сигурност оти вработените се негативни на брисевите, нема да се носи одлука за нивно отворање.