in

Нови 23 заболени од Ковид-19 во земјава, најмногу од Скопје

Во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на заболени од Ковид-19 и еден починат. Резултатот е добиен по изработени 702 тестови.

Починатиот е 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања кој вчера со симптоми на вирусот бил примен во ГОБ „8 Септември“, а денеска е потврдено дека бил позитивен.

По градови, најмногу од заболените се од Скопје-12, следуваат Куманово и Тетово со по 4, Прилеп -2, и еден заболен е регистриран во Неготино. Со ова вкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 1921.

Истовремено, 9 пациенти се излекувани, а не е регистриран ниту еден смртен случај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крушево за време на параглајдинг првенство

Во 17 часот е седницата на која ќе се решава каков ќе биде полицискиот час викендов