
Отакако во изминатите денови беа позитивни тестовите за Ковид-19 на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири и на директорката на УЈП, Сања Лукаревска, гололем број државни и партиски функционери се во самоизолација.
Меѓу нив е техниочкиот премиер, Оливер Спасовски, чиј тест беше негативен на Ковид-19, но тој ќе остане во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите.
Освен Спасовски, во домашна самоизолација се и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец, откако имале средби со Зекири.
Покрај нив, и градоначалниците на Чаир и на Бутел вчера соопштија дека се во самоизолација.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој сo Зекири учествуваа на дебатна емисија има негативен тест за Ковид-19, но најави дека ќе се придржува до сите мерки препорачани од здравствените власти.
Во самоизолација се и директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми кој бил во контакт со Зекири, како и директорот на „Службен весник“ Мартин Костовски кој бил во контакт со Лукаревска.