in

Панихида за гевгелискиот војвода Леонид Јанков

Денеска на градските гробишта во Гевгелија, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Гевгелија, се одржа панихида по повод 114 години од загинувањето на гевгелискиот војвода Леонид Јанков. На 2. септември 1905 година, во месноста Ѓуров дол, крај Гевгелија, во нерамноправна борба со османлиите, загина еден од заштитниците на македонското население од овој крај, Леонид Јанков. Поради неговата храброст и револуционерна посветеност на борбата на македонскиот народ за слобода, е опеан во своевидната гевгелиска химна, народната песна „Трба трби гевгелиско“. Роден во селото Мачуково, четири километри од Гевгелија, Леонид уште во своите млади години се приклучува на четата на Аргир Манасиев со кого оперираат во овој крај, заштитувајки ја честа и достоинството на селаните од овој крај. Во текот на 1903 година изведуваат неколку диверзантски акции, а по завршувањето на Илинденското востание, поради репресиити, се повлекуваат во Бугарија. Во 1905 година се префрлаат повторно во Македонија. На 31 август 1905 година е заробен курирот на четата и едно шифрирано писмо, дел од писмото дешифрирано и турските власти влегуваат во трагите на четата на Леонид Јанков. На 2 септември 1905 година тој, Томе Киро Донов од Стојаково и Михаил Иванов Таушанов од Богданци се опколени кај местото Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско. Во нерамната борба, која траела цел ден против многубројната турска војска, загинале двајцата другари на Леонид, од една, и 50 турски војници од другата страна. Останат сам, Леонид со претпоследниот патрон го ранил јусбашијата, а со последниот се самоубил. Тој ден сите камбани во градот биеле и целиот град татнел од нивниот звук. Повеќе од 3000 души од градот и околните села биле собрани на неговиот закоп, кој се извршил во дворот на гробиштата на црквата Свети Спас, во северната страна. Нивната борба и саможртва е само еден од бројните примери во македонското револуционерно ослободително движење во годините на славната Илинденска епопеја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што содржи една капка мед?

Со Пакомак ќе враќаме пластични шишиња, а ќе добиваме пари