in

По барање на антикорупциска комисија: Претседателот на Советот на Општина Гевгелија поднесе оставка

По барање на антикорупциска комисија, Претседателот на Советот на Општиа Гевгелија Ташко Дојчинов поднесе оставка. Од буџетот примал 2 плати, од која едната е околу 60 000 денари.

По барање на антикорупциска комисија и притисокот од јавноста, Претседателот на Советот на Општина Гевгелија Ташко Дојчинов поднесе оставка и се одлучи да ја задржи платата од 60 000 денари. Оставката е резултат на притисокот од јавноста поради судирот на интереси што ги констатирала Комисијата за спречување на корупција која уште пред 6 меесеца му изрече јавна опомена согласно член 79, став 2 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. За време на неговото претседавање со Советот на Општина Гевгелија, се направи обид за бришење на името Република Македонија од статутот на Општина Гевгелија и негова замена со “Северна”.Тој од буџетот примал по 2 плати месечно, едната од околу 60 000 денари од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос, како и надоместокот за член на совет на општина кој не е помал од 15.000 денари.Од законот за основање на оваа Државна Комисија според членот 3 претседателот и членовите на комисијата функцијата ја извршуваат професионално, што значи дека не смее да имаат друг работен однос освен како членови на Комисијата, а во никој случај да имаат политичка функција како претседател на совет на општина бидејќи се работи за акумулација на функции.Дополнително, во видеото подоле кое е објавено на веб страната на општина Гевгелија, Ташко Дојчинов ја води 23-та седница на општина Гевгелија од 20 февруари 2019 година (среда) во ден кога би требало да ги извршува своите работни обврски и во Државната Комисија. Видеото може да се погледне на следниот линк https://youtu.be/BEcAxHKAMO8

Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во ставот 1 утврдено е дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата на неспоивост на функциите. Во ставот 2 од истиот член е утврдено дека функцијата на член на совет (локална власт н.з) и други функции кои ги избира и именува Собранието на Република Македонија (државна власт н.з) се неспоиви една со друга. Антикорупциска само треба да постапи по надлежнстите кои им ги дава законот по кој се основани.

Овие тела кои ги основа Собранието на Република Македонија се регулаторни тела и по правило не смее да ги извршуваат членови на органи на политички партии на што укажуваат и извештаите на Европската Комисија.

Но и во овој случај како и во многу други, се работи за партизација ? Од јавно достапните податоци Ташко Дојчинов освен што има две функции, на државно и локално ниво, во декември 2017 година бил избран за претседател на Општинската организација на СДСМ во Гевгелија за периодот од 2017-2021 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Од податоците за имотната состојба на функционерите видно е дека Ташко Дојчинов поднел два анкетни листови за неговата имотна состојба едниот како член на совет а другиот како член на Државната Комисија, па оттука е прашањето дали државнтие институции 2 години знаела или можела да знае дека лицето Ташко Дојчинов извршува две функции во исто време и зошто за случајот се молчело толку долго? Гевгеличани се прашуваат зошто на човекот кој се обиде да ја протутка Северна во советот, му требаше толку долго време за да поднесе оставка.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гевгеличани ќе добиваат стипендира да студираат медицина

Втор уписен рок, на кои факултети останаа слободни места?