in

Почитување на сообраќајните прописи, гаранација за безбеден сообраќај

Сите ние секојдневно сме учесници во сообраќајот и секојдневно сме сведоци на голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот, непочитување на сообраќајните правила и прописи, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, ниско ниво на култура, етика, толеранција и ниско ниво на меѓусебно почитување помеѓу учесниците во сообраќајот. Ваквата состојба резултира со голем број на сообраќајни незгоди и голем број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Анкетите на РСБСП покажуваат дека околу 50% од возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација. Согласно тоа, РСБСП со потсетување до возачите за дел од одредбите во ЗБСП кои се особено важни за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот: • На патиштата во Република Северна Македонија, задолжително е да се користат светла за осветлување на патот, и дење и ноќе • Возачот секогаш е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот •Влечење неисправно возило на јавен пат мора да се врши на пропишан начин • Во Република Северна Македонија, користењето сигурносен појас во возилото е задолжително не само за возачот, туку и за лицата кои се превезуваат во возилото •Дозволено количество алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 промили. Кај професионалните возачи и возачите почетници не е дозволено никакво количество алкохол во крвта (0,0 промили). •На предното седиште во возилото не смее да се превезуваат деца до 12 годишна возраст и лица кои се под дејство на алкохол. •Возачот додека го управува возилото не смее да користи мобилен телефон. •Дете помало од 5 (пет) години, на задното седиште од возилото, смее да се превезува, во поставено посебно детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. РСБСП со апел: Возете одговорно и внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и уживајте во патувањето и пристигнете безбедно на саканата дестинација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со Пакомак ќе враќаме пластични шишиња, а ќе добиваме пари

ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ „ДВЕТЕ УШИ“ НА МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ ВО РАДОВИШ