in

Полицискиот час не го почитувале 42 лица изминатово деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.05.2020 година) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 25 лица што ја прекршиле оваа мерка.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Петмина повредени откако излета возило кај Велес и во него удри воз

Денеска температура до 33 степени и висок УВ индекс