in ,

Повик за правда за НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО!!!

Медиуми молчат, институциите глуви.
Дали некој сѐ уште се прашува дали уличните протести се единствен начин за да ја добиеме вистинската правда?

Преку 2.500 луѓе излеговме и марширавме со иста цел: ПРАВДА ЗА НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО. Достоинствено, мирно, со запазување на сите препораки и мерки за заштита.
Побаравме веднаш да се смени пресудата и делото да биде преквалификувано.

И ќе одиме до крај!
Ќе се бориме се додека нашите барања не се остварат. Сѐ додека не ја добиеме потребната правда. За Никола Христовски – Кољо, но и за секој еден млад живот кој утре може да се најде во слична ситуација.

Ве повикуваме, во ПОНЕДЕЛНИК, да се собереме уште помасовно. Сите заедно, да маршираме и да се избориме за ПРАВДА.
Да пратиме порака до сите кои треба да не слушнат. Уште еднаш, да им покажеме на институциите дека сме НЕЗАДОВОЛНИ од пресуди со кои убијците добиваат минимални казни. Незадоволни сме од селективната правда и корумпираното судство.
Да им покажеме дека ќе излегуваме, ќе го искажуваме нашиот револт на улиците, се додека правдата не биде задоволена.

Понеделник
18:00
Пред Министерство за Правда

Повеќе информации околу рутата ќе бидат објавени во тек на наредните денови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Македонија лани имало 866 дивоградби

Дневен хороскоп за четврток, 18 јуни 2020 година