in

Престон Македонија шампион во првата државна лига на Викторија

После десетина години конечно успешна сезона и за фудбалерите на Престон Македонија. Освоеното прво место во првата државна лига на Викторија им донесе промоција во новоформираната трета премиер лига.
Успехот го надополнија и со победата во финалниот напревар за севкупен победник во првата државна лига откако го совладаа Нонавадинг со 2:0.

Preston Lions FC

Preston Lions FC

По натпреварот шампионскиот пехар го подигна Аце Петровски.
” Задоволни сме од победата но и воопшто од целокупната сезона која беше успешна за нас. Конечно обезбедивме промоција во една лига погоре. Голема благодарност и до навивачите за огромната подршка во текот на сезоната”.

Ace Petrovski

Капитенот Аце Петровски го прима победничкиот пехар.

Тренерот Љупче Ацевски исто така не го криеше задоволството по постигнатиот успех сезонава. Упати искрена благодарност до фудбалерите, управата на клубот и верните навивачи.
“Сега паузата ќе ја искористиме за разговри со постојните но и со нови квалитетни фудбалски имиња за да направиме силен и квалитетен тим за наредната сезона” вели Ацевски .

Lupce Acevski

Лупче Ацевски тренер на Престон Македонија во средина со своите помошници Капони и Груевски

Фудбалерите на Престон како и на секој натпревар така и на последниот финален натпревар ја имаа подршката од навивачите.

Supporters Preston Lions FC

Фудбалерите на Лалор Слога јунајтед загубија во финалниот натпревар за севкупен победник во третата државна лига на Викторија од ФК. Колингвуд со 3:2. Но и покрај тоа Слога догодина ќе игра во втората државна лига што секако е голем успех за клубот.

Lalor Sloga United

Лалор Слога Јунатед шапиони во третата лига за 2019

Тренерот на Лалор Слога, Тони Стерјовски по натпреварот причината за поразот од Колингвуд ја виде и во тоа што во составот му недостасуваа дури седумина стандардни играчи.
“Бевме хендикипирани што моравме да настапиме без половина играчи од првиот состав но и покрај тоа оставивме добар впечаток на теренот. Имавмне успешна сезона и целиот успех оди на плеќите на фудбалерите”.

Toni Sterjovski

Тони Стерјовски десно со најдобриот стрелец во сезоната Климе Димитревски.

Екипата на Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс. Во полуфиналниот натпревар загубија од ФК Рајдерс .
Капитенот на Сиднеј Македонија Никола Тодоровски е најдобар стрелец во лигата.

Nikola Todorovski

Никола Тодоровски, Сиднеј Македонија прв стрелец третата премеиер лига на НЈВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Апел за помош на 33-годишната Јана од Охрид која веќе петта година се бори со редок вид на рак

Лозари Исток нацртаа големо сонце во Кавадарци