
Трајко Вељаноски го праша сведокот Оливер Спасовски дали на координациите на коишто тој присуствувал се разговарало за избор на претседател на Собранието на што тој одговори потврдно, но и дека точката не била ставена на дневен ред на седница.
Спасовски потврди дека мнозинството било формирано во март 2017 година, а не кога почна констутитивната седница во декември 2016 година.
Адвокатот Еленко Миланов го праша Спасовски дали е точно дека е пратеник повеќе мандати на што тој одговори потврдно.
Спасовски доби и прашање дали ги поддржувал протестите на Шарената револуција, но на барање на обвинителката Вилма Рускоска, судијата не го дозволи ова прашање.