in

Седум земји-членки на ЕУ гласале против отворање преговори со Македонија

Седум земји членки на Европската Унија гласале против отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите за надворешни и европски работи што се одржа во Луксембург.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на „Твитер“ објави дека против отворање на преговорите гласале Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.

Дванаесет земји членки биле „за“ преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Естонија, Латвија, Литванија. Другите, меѓу кои и  Грција, биле воздржани, напиша Милошоски.

Министрите за надворешни работи на Европската Унија вчера не се согласија за доделувањето датум за почеток на преговорите со Македонија, но и за Албанија. Тие се договорија најдоцна до октомври да се навратат на ова прашање.

„Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот преспански договор, како и договорот за добрoсоседски односи со Бугарија, и се осврна на препораките на Комисијата за отворање пристапни преговори со Република Македонија врз основа на нејзината позитивна оценка за постигнатиот напредок и исполнувањето на условите утврдени од Советот. Поради ограниченото време на располагање и важноста на предметот, Советот ќе се врати на ова прашање со цел да се постигне јасна и суштинска одлука што е можно побргу и не подоцна од октомври 2019 година“, се наведува во заклучокот на Советот за општи работи на Унијата.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес-конференција соопшти дека малку земји членки на Советот не ја поддржале чистата препорака на Европската комисија за доделување датум за преговори на денешниот состанок. Додаде дека е уверен оти во октомври ќе има одлука за почеток на преговорите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студентска размена во Русија, пријави се

Апел за помош на 33-годишната Јана од Охрид која веќе петта година се бори со редок вид на рак