
Активистот ги штитеше правата на припадниците на амазонските племиња од налетот на земјоделците и сточарите, кои сакаат со пожари да ја уништат прашумата во Амазонија и да направат пасишта и плодна земја.
Максиел Переира дос Сантос бил застрелан во глава со два куршуми, додека возел мотор во градот Tабатинга, на границата меѓу Перу и Колумбија. Тој бил убиен пред членовите на семејството.
https://twitter.com/_CLACSO/status/1171060978584342530?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1171060978584342530%7Ctwgr%5E363937393b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fsvet%2Fso-dva-kurshumi-vo-glava-ubien-aktivistot-koj-gi-shtiteshe-pravata-na-pleminjata-vo-amazonija%2F
Убиството доаѓа во време кога меѓународната јавност протестира поради стапката на уништување на амазонската дождовна шума во Бразил, каде се регистрирани најмалку 80.000 пожари меѓу јануари и август, што е скоро двојно повеќе од истиот период лани.
Сантос беше убиен како одмазда за вмешаноста во резерватот „Вале до Завари“, каде со години помагаше да ги спречи ловците, земјоделците и дрвосечачите да влезат нелегално во областа.
Инаку, резерватот е познат како дом на најголем број домородни племиња.
Земјоделските активисти и активисти за животна средина во Бразил честопати се мета на рудната и дрвната индустрија, убивајќи 57 активисти само во 2017 година, од вкупно 201 низ целиот свет.
Уште од моментот кога претседателот Жаир Болсонаро ја презеде функцијата на 1 јануари, буџетот на Агенцијата за заштита на дождовните шуми е намален за 25 проценти, додека буџетот на Агенцијата за заштита од пожари е намален за 23 проценти.
Во истиот период, бројот на казни за опасност по животната средина е намален за 29 проценти.