in

СОНК во клин, МОН во плоча, родителите и учениците во чудо

Министерот Адеми со повик до директорите и наставниците да се подготват за првиот училишен ден – СОНК не се откажува – утре ќе се одржи предупредувачкиот штрајк. Родителите не знаат што да им одговорат на своите деца дали утре да одат во училиште или не. Од синдикатот велат наставниците ќе бидат во просторија во училиштата одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште. Поддршка СОНК очекува и од родителите. Наставниците и професорите-членови на СОНК и оние кои сакаат да му се придружат на штрајкот, а не се дел од членството на Синдикатот, утре ќе бидат во училиштата, но во засебна просторија, без да ги извршуваат обрските и да примаат ученици, вели претседателот на СОНК. Неделков се пожали дека почнале притисоци по телефон врз наставниците за прифаќање на првачињата и дека доколку најдат материјални докази за тоа, ќе следуваат кривични пријави. Тој апелираше родителите да не ги носат децата утре на училиште, за да им се приклучат во борбата за социјални права и отфрли секаква одговорност на СОНК, доколку се случи некаков инцидент по безбедноста и здравјето на учениците. Наспроти синдикатот Адеми ги повика наставниците и директорите на основните и средни училишта да се подготват за првиот училишет ден. За првиот човек на МОН е нејасно како може да се одржи штрајк во момент кога има решение , нагласувајќи дека наставниците оваа учебна година ја почнуваат со плати повисоки за 10,8 проценти, односно со две покачувања од по пет отсто лани и 5 % оваа година во септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На денешен ден била грабната мис Стон

Што содржи една капка мед?