in

Студентските домови нема да бидат отворени до крајот на академската година

Студентските домови нема да бидат отворени до крајот на актуелната академска година, изјавија за Факултети.мк од Министерството за образовани и наука. Оттаму објаснуваат дека сè уште нема соодветни услови за да бидат отворени домовите.

Студентите што живеат надвор од Скопје и се сместени по студентските домови во последните десетина дена се во недоумица и постојано прашуваат кога ќе бидат отворени домовите. На 19-ти мај беше донесена одлуката за пролонгирање на јунската сесија на УКИМ.

-Универзитетското студентско собрание на УКИМ тие упатија апел да се отворат домовите за да можат соодветно да се посветат на јунската испитна сесија. Тие дури посочуваа дека очекуваат посебен протокол за безбедна работа на студентските домови, што би се однесувала и на студентите и на персоналот на домовите, пренесува порталот.

Академската година завршува на 30-ти септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Марин молчи дека почна со изградба џамијата во Аеродом

Од утре ќе следува период на потопло време