in

Тачи: Османи и ИВЗ се виновници за оваа ситуација, направија притисок да се отворат џамиите

Се наоѓаме во тешка ситуација, има луѓе кои се однесуваат тотално неодговорно. Мислам дека неодговорноста на Бујар Османи и на поранешната и на сегашната Исламска верска заедница кои направија огромен притисок да се отворат џамиите за Бајрам се главните виновници за оваа ситуација, рече претседателот на ДПА Мендух Тачи на прес конференција. Тој побара одговорност од Османи и од ИВЗ за огромниот порас на заболени од ковид-19.

– Не можам да ги прифатам квалификациите дека Албанците се познати во Македонија дека не ги почитуваат правилата на институциите во врска со пандемијата, бидејќи има статистика и конкретни цифри кои укажуваат дека Албанците со другите граѓани успеавме 90 дена да се бориме многу добро со пандемијата. Значи тите што сакаа да печалат политички поени, а ИВЗ и материјални придобивки, бидејќи правеа огромен притисок, треба да понесат одговорност. Тие се единствените одговорни за оваа ситуација. Апелираме граѓаните да ги почитуваат правилата иако е тешко да се остане дома повеќе од 48 часа, но нема друг начи нема – рече Тачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата обдукција покажа дека брутално убиениот Џорџ Флојд починал од срцев удар и имал корона

По 8 месеци поминати во притвор ослободен Љупчо Палевски – Палчо