in

Тројца важни играчи ги обновиja договорите со РК Вардар

И следната сезона Вардар ќе има силен европски тим, а како најава за нов атак на европскиот врв е останувањето на Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер. Според информациите на 24ракомет денеска сите тројца потпишале договори кои најавуваат сезона полна со успех, и со нови радости на навивачите, објавува 24 ракомет.

Тројцата играчи се меѓу омилените на навивачите и изминатите години беа меѓу носителите на играта. Дисингер дојде лани, но иако неговиот договор истекуваше и имаше најави за заминување реши да остане во клубот со кој ја освои европската титула. Дибиров и Стоилов ги имаат двете ѕвездички, односно двете титули во ЛШ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Македонија во континуитер се уништуваат културните вредности

Албанија денеска ги отвори баровите, рестораните и музеите