
Љупчо Палевски е уапсен на белградскиот аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, од каде што сакал да се качи на авион за Москва.
Палевски е приведен по меѓународна потерница од Хрватска, при што Палевски неколку години не се појвувал на суд на спор во кој е тужена неговата компанија. Поради тоа, судот издал потерница за да се обезбеди негово присуство и да биде донесен на суд.
Моментално Палевски е во притвор и останува на српските власти да одлучуваат дали ќе го екстрадират во Хрватска или ќе биде ослободен.
Палевски во македонската јавност е познат и по неговите политички активности. Тој е поранешен претседател на градската организација на СДСМ, каде што важеше за еден од поуспешните претседатели. Во моментов е генерален секретат на партијата Глас.
Сепак, веднаш по апсење, неговите колеги од неговта партија негираат дека тој е официјален нивен генерален секретар. Иако на веб-страницата на партијата на Грчева стои дека Палевски е генерален секретар, предводникот на оваа партија Солза грчева тврди дека Палевски нема позиција во нејзината партија и не е официјално избран од партиските органи за таа раководна позиција
„На веб-страницата го има ставено некој од администраторите. Инаку, Љупчо Палевски не е официјално избран за генерален секретар на „Глас за Македонија“. Тој не е поминат низ партиските органи и нема позиција. Движењето „Трета“ што го води Палевски се приклучи на „Глас за Македонија“ и тој многу е активен организациски, но се уште не е официјално поставен за генерален секретар“,
изјави Грчева за 1tv.mk.
Партијата Глас е раководена претежно од порнешни членови и функционерина СДСМ. Нејзин лидер е поранешната пратеничка од редовите на социјалдемократите Солза Грчева. Во нејзините редови е и Мелпомени Корнети, поранешната заменик-министерка за култура во владата на Брнко Црвенкски, а исто така Корнети беше и директор на МТВ (1994-1996), во времето на транзицијата кога социјалдмократите владеењаа со диктатура и воведоа медиумски мрак, а тоа го искористија за промената на државното знаме со Кутлеш.