in

УЕФА планира да ги укине квалификациите за Лигата на шампиони и Лига Европa

Македонските европретставници можно е летово да не ја видат Европа, зашто Европската фудбалска унија (УЕФА) планирала дури и да ги укине квалификациите за Лигата на шампиони и Лига Европа, поради пандемијата со коронавирус и нејаснотиите како би ги организирале тие квалификации.

Англиски „Тајмс“ ја објави веста за идејата на УЕФА за скратен систем на натпреварување, но и можност за уникување на квалификацискиот систем, кој се размислувал во Нион, од причина што не знаат како да ги организираат тие квалификации и како да ги усогласат термините, а дополнителен страв им е најавите за втор бран на пандемијата со Ковид-19 од септември, како и нејаснотиите околу меѓународните патувања, рестрикциите за влез во земји итн…

Според „Тајмс“ постојат две опции за европските купови. Првата опција е да има некаков квалификациски систем, но скратен, а не нормален со два меча (дома-гости). Во оваа опција има уште една да се играат мечевите на неутрален терен.

Втората опција е да нема квалификациски систем од воведното претколо, туку да има директно само плејоф, а во него би играле екипите од 12-те најдобро рангирани земји кои немаат директен учесник во групните фази.

Во групите во ЛШ од квалификациите влегуваат шест екипи за да ја пополнат бројката од 32 тима и ептен скратен систем на квалификации е можен, што би значело дека од 11-та Холандија која нема директен учесник во елитата до 23-та Шведска на ранг-листата на УЕФА би се играле мечеви (12 прваци) од кои шест би добиле шанса за пласман во ЛШ.

Останатите шест ќе одат во Лига Европа, од каде многу веројатно е дека победниците на куповите во овие земји надвор од топ десет исто така би добиле пласман директен во Лига Европа, а нема да биде изненадување ако и вицепрваците од лигите до 15-то место, кои не би добиле шанса да играат квалификации за ЛШ, да добијат утешна награда – групна фаза во Лига Европа. Па, да остане потоа само мини-плејоф на најдобрите екипи од најсилните лиги кои би играле квалификации за Лига Европа.

Во ваков случај македонските екипи летово би извисиле за настап, зашто Македонија по рејтинг е на 34-то место. Но, овие информации засега се шпекулаци и нема некакви потврди од УЕФА, која денеска има нова рунда преговори со федерациите, клубовите, лигите околу продолжувањето на сезоната.

Ако се укинат квалификациите, УЕФА во најмала рака ќе треба да ги обесштети клубовите кои не би играле, ама нејасно е зошто тогаш од Нион форсираат 20 јули да биде краен рок за да се заврши домашното првенство, кое во ваква ситуација во која е сега во Македонија се поизвесно е дека нема ни да се доигра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за понеделник, 11 мај 2020 година

Нови 22 случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие