in

Упасени тројца скопјани кои поседувале дрога

Три лица од Скопје вчера биле уапсени откако при претрес полицијата открила дека поседуваат дрога и оружје, информира МВР.

Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Милан Зечар“ го лишиле од слобода 42-годишниот Г.Н. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и ризли. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ташко Караџа“ ги лишиле од слобода 27-годишниот Р.И. и 20 годишниот Б.А., двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, а кај Р.И. бил пронајден и нож. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЛА ЛИГА ПРОДОЛЖУВА НА 20 ЈУНИ

Јанева: Да знаете вие што јас знам нема да лежам затвор