in

Вардар ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона

Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска го усвои предлогот да биде поништена целата сезона 2019/20 и натпреварувачкиот систем за дината, кој ќе произлезе како последица на тоа. Истоврено, одреди кои екипи ќе ја претставуваат Македонија во натпреварувањата на ЕХФ.

Вардар ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона, Еурофарм Пелистер ќе аплицира за вајлд-карта за Лигата на шампионите, а ако не ја добие ќе игра во новоформираната Европска лига. Металург ќе игра во Европската лига сигурно, но ќе аплицира за директен влез во неа, прескокнувајќи ги квалификациските фази, додека Бутел Скопје ќе оди во квалификациите за Европската лига.

На хартија и екипите на Тинекс Пролет и Охрид ќе имаат шанса да аплицираат за квалификациите за Европската лига, но Македонија има загарантирано само четири места во Европа.

Со ова, практично, РФМ го копира пласманот од минатата сезона, бидејќи Бутел заврши дури петти во прекинатата сезона, на едно коло до крајот на основниот дел, а пред него беа и Пролет и особено второпласираниот Охрид. Резултатите од минатата сезона ќе важат и за Женската лига.

Од 2020/21, машката Суперлига ќе брои 14 екипи, поделени во две групи. Од нив првите три продолжуваат во плејоф-фаза, во која ќе им се приклучат Вардар и Е. Пелистер, кои дотогаш ќе играат во СЕХА-лигата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонија дом на најголемото штрково гнездо во Европа

Убедливо Скопје го има најскапиот тревник во светот (ФОТО)